КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Познат распоредот на натпревари за Македонија во мундијалските квалификации

Филип Здравески
/ 14.12.2024 / 12:17

Откако вчера се одржа жрепката за квалификациските групи за пласман на Мундијалот 2026, доцна синоќа УЕФА го објави и распоредот на натпревари.

Фото: ФФМ

Македонија доби одличен распоред. Почнуваме на гости кај аутсајдерот Лихтенштајн, а потоа го пречекуваме Велс. Два натпревара во кои со максимални 6 бодови би се истакнале како кандидати за врвот, се разбира, доколку го совладаме Велс, кој ни е ривал за првото место заедно со Белгија, која веќе не е силата што беше изминатава деценија.

Токму Белгија ни е следниот противник, и тоа исто така во Скопје. Практично, Македонија до летото ќе знае дали има или нема шанси за прв историски пласман на Мундијал.

Целосниот распоред на Македонија:

22 март 2025 (сабота) во 15:00 часот
Лихтенштајн - Македонија

25 март 2025 (вторник) во 20:45 часот
Македонија - Велс

6 јуни 2025 (петок) во 20:45 часот
Македонија - Белгија

9 јуни 2025 (понеделник) во 16:00 часот
Казахстан - Македонија

4 септември 2025 (четврток)
Македонија е слободна. Можен е пријателски натпревар против Финска, Романија, Норвешка, Албанија или Гибралтар, кои исто така тогаш се слободни, или пак репрезентација од друг континент.

7 септември 2025 (недела) во 18:00 часот
Македонија - Лихтенштајн

10 октомври 2025 (петок) во 20:45 часот
Белгија - Македонија

13 октомври 2025 (понеделник) во 20:45 часот
Македонија - Казахстан

15 ноември 2025 (сабота)
Македонија е слободна. Можен е пријателски натпревар против Литванија, Сан Марино, Израел, Латвија или Чешка, кои исто така тогаш се слободни, или пак репрезентација од друг континент.

18 ноември 2025 (вторник) во 20:45 часот
Велс - Македонија

реклама

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Фудбал

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Read more

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Read more

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Read more

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Read more
 

Спорт

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Читај повеќе