Познати 15-те финалисти на годишните награди на Друштвото на писателите за 2024 година

Конкурсот за годишните награди на ДПМ е на чекор од својата завршница. Тројцата кандидати за наградата Мост (најдобра книга напишана на некој од јазиците на националностите во Македонија) беа познати од самиот почеток, минатата недела беа обзнанети финалистите за наградата Димитар Митрев за најдобра збирка критика или есеистика, а сега познати се и финалистите за наградите Стале Попов за најдобра прозна книга, Ацо Шопов за најдобра збирка поезија и Ванчо Николески за најдобра книга за деца и млади.

Следуваат петте списоци со сите 15 финалисти:

Финалисти за наградата Стале Попов:

1. „Ветрилиште“ (Игор Анѓелков, Или-или)

2. „Кој го уби Едгар Алан По“ (Владо Јаневски, Или-или)

3. „Приказничар“ (Жарко Кујунџиски, Антолог)

Финалисти за наградата Ацо Шопов:

1. ,,Јазикот што само ние го разбираме“ (Зоран Јакимоски, ПНВ Публикации)

2. „Одглас (на нечуеното)“ (Сузана Мицева, самиздат)

3. „Посвети и пофалби“ (Иван Џепароски, Дијалог)

Финалисти за наградата Ванчо Николески:

1. „Бакнежи на небото“ (Иван Антоновски, Светулка)

2. „Со големо Д (прозен воспев на Другарството)“ (Александар Кујунџиски, Антолог)

3. „Првото жарче Љ У Б“ (Велко Неделковски, Арс Ламина)

Финалисти за наградата Димитар Митрев:

1. „Книжевни паметници“ (Наташа Аврамовска, Институт за македонска литература)

2. „Жени во македонската книжевност од XIX век“ (Славчо Ковилоски, Институт за македонска литература)

3. „Дом во тишина“ (Никола Маџиров, Арс Ламина)

Конкуренти за награда Мост

1. „Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“, Гордана Јовиќ-Стојковска, Слово љубве),

2. “Vetëtimat e heshtjes” („Молњи на молкот“, Делвина Крлуку, самиздат) и

3. “Kopeja Me Zgjebe ndjek autorin” („Шугавото стадо го брка авторот“, Каљош Челику, самиздат)

Во претстојните неколку дена, членовите на петте жири-комисии, кои досега работеа самостојно, ќе се сретнат и на состанок ќе ги бираат наградените наслови за 2024 година. Добитниците на традиционалните награди на ДПМ за 2024 година ќе бидат обзнанети на прес-конференција за медиуми на 11 февруари, а доделувањето на наградите ќе се случи во свечената сала на ДПМ на седумдесет и осмиот роденден на Друштвото на писателите на Македонија, 13 февруари 2025 година.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Култура

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Read more

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Read more

Нова театарска претстава за млади: Чудо

Read more

Браќа Манаки со престижна награда од Британското здружение на кинематограферите

Read more
 

Вести

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Читај повеќе

Работник од Бангладеш се заглавил во машина за бетон и починал

Читај повеќе

Граѓаните може да аплицираат за уред за Итно копче во Општина Центар

Читај повеќе

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Читај повеќе

Деца починаа од предизвик на TikTok, родителите ја тужат социјалната мрежа

Читај повеќе

Работник тешко повреден откако со возило се преврте во каменолом во Росоманско

Читај повеќе

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Читај повеќе

Денес студено утро, а преку ден до 11 степени

Читај повеќе