Motorola во септември го претстави Moto E7 Plus, но помалиот модел наскоро ќе пристигне на пазарот.
Од Motorola ги објавија перформансите на новиот модел.
Moto E7 ќе има 6,2-инчен HD+ LCD екран со формат 19:9 со селфи камера од 5 MP. Задната камера ќе има 13 MP и сензор за длабочина од 2 MP.
Уредот ќе има 2 GB RAM и 32 GB интерна меморија.
Moto E7 го напојува батерија од 3.550 mAh.
Смартфонот најверојатно ќе чини само 122 евра, а засега не е познато кога ќе почне продажбата.