Познати добитниците на наградата „Антево слово“

Драгана Евтимова за нејзината песна „Белег“ ја освои прва награда на Mеѓународниот конкурс за поезија ,,Антево слово”, распишан по третпат од Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“.

Како што се посочува во соопштението од манифестацијата, која денеска ги прогласи годинашните лауреати, втората награда оди во рацете на Сузана Мицева за песната „Тефтер“ и на Давиде Роко Колокраи за песната „Ќе бидам моето убаво сонување“ , а трета награда е за Игор Крајчев и песната „Победа“.

Тоа е одлуката на Жирито во кое членуваат претставници од семејството на доајенот на македонската поезија Анте Поповски, како и еминентни претставници од книжевната област во Македонија и организаторот на меѓународниот фестивал „Анџело Ла Векија“, односно: академик Катица Ќулавкова, Џеро Ла Векија, Митко Гогов, Александар Поповски и Жорж Поповски.

Специјални награди ќе бидат доделени на: Марина Икономова Шокева („Стојам и гледам“), Дина Кампања за песната „Свилени навои“ и Зоран Костески за „Ќе те сместам во стиховите“.

Наградените автори ќе бидат застапени и во новата антологија на Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“.

Во образложението за првонаградената песна „Белег“ на Евтимова се наведува дека е конкретна стилистичка творба во која во преден план доаѓаат авторефлексивноста и автореференцијата преку средбата со огледалото кое нуди не само одраз на нејзината внатрешна авторска поетска панорама, туку истовремено и психолошко дефинирање на карактерните особини и животната филозофија, кои се проткаени во еден современ, слободен манир на пишување.

– Стиховите во оваа песна нѐ замислуваат и обременуваат, ни даваат мотивација да бидеме похрабри, да го пречекориме прагот, да се соочиме со самите себе, па дури и да поверуваме во еден свет во кој Другиот и другоста можат да ни помогнат да научиме да бидеме подобри. Симболиката и самата структура на песната продираат во минатото, како значаен елемент за нашиот развој, ослободена од непотребните естетки елементи, минималистична, конкретна и на момент продуховена, се посочува меѓу другото за песната „Белег“.

Организаторите го поздравуваат големиот одзив и на третиот објавен конкурс со учеството на повеќе од 100 автори и се надеваат дека во иднина сѐ повеќе поети ќе имаат можност да го промовираат своето творештво како и да им се отвори можност да бидат прочитани од интернационална публика. Воедно упатуваат честитки до сите учесници на оваа манифестација која, наведуваат, допрва ќе направи гратчето Каникати, а со тоа и Сицилија да станат новиот светилник на италијанската, македонската и на европската и светска поезија.

Официјалното доделување на наградите ќе се случи во Спомен собата на Анте Поповски во Центарот за култура во населбата Ѓорче Петров во Скопје, а датумот ќе биде дополнително објавен.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе