Во ноќта зад нас се одиграа полуфиналните натпревари на УС опен во сингл за мажи, а пласман во големото финале на последниот Грен слем турнир во сезоната изборија Јаник Синер и Тејлор Фриц.
Синер, кој моментално е играч број еден во светот, својата одлична сезона ја продолжи со пласман во финалето на УС опен со победата од 3:0 над Британецот Џек Дрејпер, во сетови 7:5, 7:6 и 6: 2.
Првите два сета донесоа вистинска драма, а Синер ги доби во возбудливи финиши со освојување на клучни поени. По победата со 7:5 и 7:6 во првите два сета, најдобриот светски играч лесно со два брејка го приведе и третиот сет.
Така, Синер стана, колку и да звучи нереално за оваа голема земја, првиот Италијанец досега во финале на УС опен.
🇮🇹Jannik Sinner reaches two hard court Grand Slam finals this year—Australian Open and now the US Open—becoming the first Italian to reach the US Open men's singles final!#USOpen || #Tennis || #Esportsville pic.twitter.com/J9aqoJ6tFd
— Everlastsportsville (@everlastsports1) September 7, 2024
Таму ќе игра против Тејлор Фриц, подобар од американскиот маратон што го гледавме до доцна во ноќта во Њујорк.
Фриц по големиот пресврт со 3:2, по сетови 4:6, 7:5, 4:6, 6:4 и 6:1 го совлада сонародникот Френсис Тиафо за 3 часа и 21 минута на теренот.
Така, Фриц ја оправда улогата на фаворит, но по еден дуел во кој Тиафо ги промаши шансите и пропушти ситуација во која неколку поени можеа да му го донесат резултатот од кариерата.
Големото финале на Синер и Фриц е закажано за утре од 20:00 часот. Финалето во женска конкуренција е закажано за вечерва, кога од 22 часот се среќаваат Џесика Пегула и Арина Сабаленка.