КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Познати фудбалерите кои ќе играат против Германија и Лихтенштајн

Филип Здравески
/ 29.09.2021 / 11:59

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот на повикани играчи за претстојните два мундијалски квалификациски натпревари.

Фото: ФФМ

Македонската репрезентација прво на 8 октомври му гостува на аутсајдерот Лихтрентајн во Вадуц, а три дена подоцна следува спектал во Скопје која на 11 октомври, на денот на македонското востание против нацистичката и фашистичката окупација во Втората светска војна, ни гостува колосот Германија.

По тој повод селекторот Благоја Милевски денеска на прес-конференција во просториите на Националната Арена „Тоше Проески“ објави список со 26 играчи. Ново име на списокот е играчот од средниот ред Ердал Ракип, поранешен младински репрезентативец на Шведска кој претходно на сакаше да игра за Македонија, но во меѓувреме се предомисли. Повикан е и Атанасов од сплитски Хајдук, додека за разлика од минатиот месец ги нема Аврамовски (без клуб е) и голманот Јанков. Повторно е изоставен голманот Давид Митов Нилсон.

Интересно, но и поразително за домашната лига, на списокот нема ниту еден фудбалер кој настапува за македонски клуб.

Голмани:
Столе Димитриевски - Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дамјан Шишковски - Докса (Кипар)
Дејан Илиев - Серед (Словачка)

Одбрана:
Стефан Ристовски - Динамо (Хрватска)
Дарко Велковски - Ријека (Хрватска)
Висар Муслиу - Фехервар (Унгарија)
Кире Ристевски - АЕЛ (Кипар)
Езџан Алиоски - Ал-Ахли (Саудиска Арабија)
Тодор Тодороски - Раднички Ниш (Србија)
Стефан Ашковски - Шепши (Романија)
Ѓоко Зајков - Левски (Бугарија)
Никола Серафимов - Залаегерсег (Унгарија)

Средина:
Елиф Елмас - Наполи (Италија)
Енис Барди - Леванте (Шпанија)
Стефан Спировски - Мариупол (Украина)
Тихомир Костадинов - Ружомберок (Словачка)
Бобан Николов - Шериф (Молдавија)
Аријан Адеми - Динамо (Хрватска)
Ердал Ракип - Малме (Шведска)
Јани Атанасов - Хајдук (Хрватска)

Напаѓачи:
Адис Јаховиќ - Ѓозтепе (Турција)
Милан Ристовски - Спартак (Словачка)
Бојан Миовски - МТК (Унгарија)
Александар Трајковски - Алборг (Данска)
Дарко Чурлинов - Шалке 04 (Германија)
Никола Ѓорѓев - Грасхоперс (Швајцарија)

Собирот на репрезентативците е на 3 октомври во Скопје.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе