Познати кандидатите за државен јавен обвинител

Вкупно 23 кандидати претендираат да го заземат местото државен јавен обвинител. Рокот за доставување на апликациите измина викендов но се чекаа и последните пријави кои преку пошта стигнале денеска до собранието.

Сите пријави попладнево се очекува да бидат испратени до Советот на јавни обвинители кој треба да даде мислење за секој од кандидатите.

Меѓу кандидатите кои први и јавно ја објавија својата кандидатура беа поранешниот јавен обвинител и адвокат Александар Наков, адвокатите Ѕвонко Давидовиќ, Александар Тортевски, нотарката Лорија Ваневска и професорот Сејфула Османи. А пријави до собранието стигнале и од поранешниот судија Валентин Зафировски, професорот Лазар Нанев, членот на Советот на јавни обвинители  Љупчо Јовевски и обвинителката од организиран криминал Лидија Раиќевиќ.

Советот има 15 дена да ги оцени позитивно или негативно кандидатите и потоа да ги испрати во Владата. Владата ,пак, бира еден од кандидатите кој ги исполнува критериумите во огласот и добил позитивна оценка од Советот и го предлага во Собранието за избор. За да биде избран новиот јавен обвинител треба да добие поддршка од 61 глас.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе