Автомобили
GTI стартува со 245 коњски сили

Познати нови информации за моторите на најмоќните Golf модели

21. јануари 2020 - 15:57 | М.С.

На интернет се појавиja информации за моќноста на моделите Golf GTI, GTI TCR, GTD, GTE и R.

Откако минатата есен дебитираше осмата генерација на Golf, автомобилските ентузијасти со нетрпение ги очекуваат деталите за високите перформанси на верзиите на еден од најдобрите модели на Volkswagen.

Доколку овие податоци се точни, основната верзија на GTI ќе има мотор од 245 коњски сили(180 kW), додека GTI TCR варијантата ќе располага со 300 коњски сили (221 kW).

За оние коишто преферираат моќни дизел возила, можат да изберат Golf GTD со мотор кој испорачува 200 коњски сили, додека plug-in хибридот Golf GTE ќе има погонски систем со вкупна моќност од 245 коњски сили(180 kW).

На тронот ќе биде Golf R, кој според неофицијалните податоци ќе има 333 коњски сили (245 kW).

Што се однесува на Golf GTI и GTD, точноста на овие информации ќе ги провериме наскоро бидејќи ќе бидат претставени на Саемот за автомобили во Женева, додека за Golf R ќе мора да го почекаме летото бидејќи премиерата е закажана на манифестацијата Goodwood Festival of Speed во Англија.

Коментирај