УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Познати осминафиналистите во ЛЕ: Адеми и Ристовски продолжуваат, Елмас елиминиран

Арсенал се провлече, Милан мина едвај поради гол на гости, испаднаа Лестер, Баер Леверкузен, Наполи и Лил, изненадување направи Молде.

Синоќа се одиграа сите преостанати реванш натпревари од првата нокаут-фаза во второто по ранг клупско натпреварување на Стариот континент.

Еден од потесните фаворити за тронот, тимот на Наполи, не успеа да ја надмине онаа негатива од два гола од првиот натпревар кај Гранада. Тимот на нашиот Елиф Елмас забележа пирова победа од 2:1 и со вкупни 2:3 е елиминиран. Елмас беше во стартните единаесетмина и остана на теренот до 60. минута, изглегувајќи само минута откако неговиот тим го постигна вториот гол.

Македонија и натаму ќе има претставници во ова натпреварување откако синоќа загрепски Динамо по вторпат го совлада руски Краснодар, овој пат со 1:0 и со вкупни 4:2 оди во наредната фаза. Стефан Ристовски го одiгра целиот натпревар на десната бековска позиција, исто како и Аријан Адеми, стандардно во средниот ред со капитенската лента на неговата рака.

Лестер разочара губејќи дома од прашка Славија со 0:2 откaко првиот натпревар заврши без голови. Двата гола Чесите ги постигнаа во вториот дел запечатувајќи ја судбината на „Лисиците“.

Рома повторно извојува победа над Брага, а Един Џеко и овој пат ја затресе португалската мрежа. Босанецот е во немилост кaј тренерот Паулу Фонсека, во Серија А е на клупата, но во Лига Европа вторпат стартува и повторно погодува.

Големо изненадување во оваа фаза приреди норвешки Молде кој по оние 3:3 дома со Хофенхајм сега со 2:0 славеше на гостувањето во Германија исфрлајќи го тимот коj и во Бундеслигата бележи разочарувачки резултати.

Арсенал беше на прагот на на елиминација од Бенфика откако до 87. минута резултатот гласеше 2:2, што значеше дека Бенфика поради гол на гости оди понатаму. Но, на сцена стапи Пјер-Емерик Обамејанг и пред самиот крај ги спаси „Топчиите“ од елиминација.

Резултати:
Тотенхем - Волфсбергер 4:0, вк. 8:0
Ајакс - Лил 2:1, вк. 4:2
Арсенал - Бенфика 3:2, вк. 4:3
Хофенхајм - Молде 0:2, вк. 3:5
Наполи - Гранада 2:1, вк. 2:3
Ренџерс - Антверп 5:2, вк. 9:5
Шахтар - Макаби Тел-Авив 1:0, вк. 3:0
Виљареал - Салцбург 2:1, вк. 4:1
Милан - Црвена звезда 1:1, вк. 3:3
Рома - Брага 3:1, вк. 5:1
Баер Леверкузен - Јанг Бојс 0:2, вк. 3:6
Бриж - Динамо (К) 0:1, вк. 1:2
Динамо (З) - Краснодар 1:0, вк. 4:2
Лестер - Славија 0:2, вк. 0:2
Манчестер Јунајтед - Реал Сосиедад 0:0, вк. 4:0
ПСВ - Олимпијакос 2:1, вк. 4:5

Жрепката за осминафиналето е денеска од 13 часот во Нион. Првите натпревари ќе се играат на 11 март, додека реваншите една недела подоцна.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе