Познати сите детали за новиот Huawei Nova 4 со камера од 48MP

По неколку недели исполнети со шпекулации и само неколку потврдени детали, компанијата Huawei реши да соопшти неколку информации повеќе за нивниот нов модел Nova 4, за кој беше потврдено дека ќе се појави на пазарот со супермоќна камера од 48MP.

Дизајнот на Nova 4 е многу сличен со новиот модел на кинеската компанија Honor – View 20. Двата „братски модели“ ќе имаат заеднички карактеристики, бидејќи и двата доаѓаат со екран распространет по целата предна страна на телефонот и ќе го немаат досега многу популарниот „notch“ на врвот на екранот.

Наместо „notch“, Huawei Nova 4 доаѓа со „дупка“ во екранот во која е сместена селфи камера од 25MP, додека на задниот дел се наоѓа долго најавуваната камера со три леќи, опремена со сензор од 48MP. Минатата недела од Samsung најавија дека ќе имаат слично решение за задната камера, со таа разлика што Nova 4 ќе има нешто помал отвор за камерата.

За разлика од Honor View 20, кој доаѓа со процесор Kirin 980, во Nova 4 ќе биде нешто постариот процесор Kirin 970, со кој се опремени и моделите Honor View 10 и Huawei P20 Pro.

Nova 4 има екран од 6,4 инчи со резолуција од 2.310 х 1080 пиксели, потоа 8GB RAM, 128 GB внатрешна меморија и скенер за отпечатоци од прст на задната страна. Притоа, тој има батерија од 3.750 mAh, додека полначот од 18W има поддршка за брзо полнење преку USB-C конектор.

Моделот со овие карактеристики ќе се продава по цена од 490 долари, додека поевтината варијанта со камера од 20MP ќе се продава по цена од 450 долари. Набрзо откако ќе започне продажбата во Кина, Huawei Nova 4 ќе се појави и на европскиот пазар.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе