Авто новости

Познати техничките детали на електричниот ривал на Tesla

10. јануари 2018 - 10:22 | М.Д.

Хенрик Фиксер го предизвикува моделот S на Tesla со нова спортска електрична лимузина EМotion.

После првите фотографии од новиот автомобил на Фиксер, беа објавени и техничките детали, како и цената на ова возило.

Како што пренесува USA Today, EMotion ќе ја има веќе најавената автономија од околу 640 километри (со полни батерии), додека почетната цена во САД ќе изнесува 129.000 долари.

Истиот извор пренесува дека автомобилот ќе располага со 700 коњски сили и погон на сите четири тркала.

Максималната брзина ќе изнесува 260 километри на час.

Во конструкцијата доминираат материјали од јаглеродни влакна и алуминиум, а Emotion e опремен и со сензори за полуавтономно возење.

Од порано беше соопштено дека електричната енергија ќе ја складира во литиум-јонски батерии, кои со помош на специјален брз полнач, ќе бидат во состојба за 10-тина минути да го наполнат автомобилот за да може да помине дополнителни 100 милји (околу 160 километри).

EMotion би требало да се појави во продажба до крајот на 2019 година.

Коментирај