Samsung објави кога ќе го претстави новиот Galaxy Note 20.
Новиот уред на корејската компанија ќе биде претставен на 5 август, пишува The Verge.
Но, ова нема да биде единствената премиера за тој ден. Се очекува дека исто така ќе биде претставен и телефонот на преклоп - Samsung Galaxy Fold.
Од Samsung остануваат мистериозни кога станува збор за повеќе детали, но се очекува дека Note нема да има толку заоблен екран како уредите од серијата S20.
Се очекува да понудат повеќе RAM меморија и подобар процесор.