Практично и функционално: Цел компјутер сместен во еден маус

Во последните неколку години сме сведоци на големи технолошки иновации кои работат во насоката кон сместување на бројни технологии во еден уред. Последен во низата е маусот кој во него содржи цел еден компјутер, сосем функционален и подготвен за употреба.

Денешните смартфони се доказ дека секоја технологија може да се смести во мал, практичен уред со тенок дизајн, во кој може да се смести половина од вашиот живот.

Инспириран од смартфоните, јутјуберот Electronic Grenade се обиде да „спакува“ потполно функционален компјутер во внатрешноста на компјутерски маус. Крајниот резултат е навистина импресивен и иако не е најмоќен, неговиот концепт е навистина уникатен.

Оригиналниот план беше да го смести компјутерот Raspberry Pi во куќиштето на обичен компјутерски маус, но тоа се покажа како невозможно поради големината на обичниот маус. Наместо тоа, со помош на 3D принтер, тој испринта компјутерски маус кој би можел да се надогради.

Малку е поголем од останатите, регуларни компјутерски мауси, но и покрај тоа има нормални димензии. Маусот има мал екран кој може да се собере, како и тастатура која се вклопува во маусот. Курсорот на екранот се мрда со помош на движење на маусот, исто како кај нормален компјутер.

Можеби не се работи за најпрактичниот уред, поради малата тастатура и екстремно малиот екран, но ако зборуваме само за иновативноста – тој ги собира сите поени.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе