Прамен од косата на Абрахам Линколн продаден за над 81.000 долари

Парче од косата на Абрахам Линколн, заедно со крвавата телеграма за атентатот врз него во 1865 година, беа продадени на аукција за повеќе од 81.000 американски долари.

Аукцијата се одржа завчера, во аукциската куќа R&R со седиште во Бостон. Името на купувачот засега не се соопштува.

На некогашниот американски претседател му биле отсечени пет сантиметри коса за време на обдукцијата по убиството. Тоа, кратко откако Џон Вилкс Бут пукал во Линколн во театарот Форд во Вашингтон. Косата била ставена во официјалната телеграма на Воениот оддел и испратена до д-р Лајман Тод. Аукциската куќа ја гарантираше автентичноста на косата и на телеграмата.

Крајната цена од 81.250 долари е малку повисока од предвидените првични 75.000 долари.

Телеграмата е значајна и затоа што ја поби теоријата дека тогашниот министер за војна, Едвин Стантон, планирал да го убие Линколн поради нивната лична нетрпеливост и политичките разлики. Печатот и самото време на испраќањето покажува дека воените телеграфски линии функционирале ноќта кога тој бил убиен.

реклама

Кејот на Вардар имал калдрма...

Read more

Што открива бојата на столицата за вашата здравствена состојба?

Read more

Научниците шокирани: Една болест води кон имунитет на COVID-19

Read more

Што ќе се случи во вашиот организам ако редовно користите куркума?

Read more

Чек дис аут

Гинисов рекорд: Сурфање на бран од 22 метри

Read more

Директор, истражувач, преговарач или градител – кој тип на личност сте?

Read more

Сечено, лепено, монтирано: Кинезите се пофалија со „напад“ на американска база

Read more

Светски рекорд: Има шест месеци и обожава скијање на вода

Read more

Магазин

Што ќе се случи во вашиот организам ако редовно користите куркума?

Читај повеќе
  • filter

Десерт на денот: Колач со овошје

Читај повеќе

Дилета Леота, најзгодната новинарка во светот ќе објави книга

Читај повеќе

Секс без табуа - работи во кои не треба да верувате, според научниците

Читај повеќе
  • play_arrow

Гинисов рекорд: Сурфање на бран од 22 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Направете сами: Креативни украси за бања

Читај повеќе

Зошто сексот со бившиот сопруг истовремено е добра и лоша идеја?

Читај повеќе

Вистина или мит: Дали цимет и мед помагаат при слабеење?

Читај повеќе

Кафето ве прави побистри, ама само ако го пиете во точна доза

Читај повеќе