Прашања што ќе ви покажат дали сте со вистинскиот партнер

Темите поврзани со пари, започнување заеднички живот и поранешни љубови може да бидат малку незгодни.

Но, тоа не значи дека партнерот/партнерката треба да го игнорира вашиот обид да дојдете до одговори за нив.

Ако од која било причина другиот станува вознемирен кога ќе го замолите искрено да ви каже од каде му е толку голема сума пари на сметката или станува особено чуден кога ќе ѕирнете во неговото минато, не треба да замижувате на таквите ситуации. Директниот одговор на овие прашања е многу важен...

Како заврши твојата последна врска?

Ако раскажувате приказна за поранешните љубови и на саканиот му го поставите ова прашање, а тој на секој начин се труди да го избегне одговорот, тоа е аларм пред кој не смеете да бидете слепи. Важно е да знаете што е тоа што тргнало наопаку во поранешната врска на вашиот партнер. Можеби бил измамен, а можеби бил тој што изневерил. Не ве интересираат сочните детали, туку дали има причина за загриженост.

Дали има некој податок за твоето лично здравје за кој треба да знам?

Секој од нас има право да ја чува својата здравствена историја за себе. Меѓутоа, ако вашиот партнер боледувал од некоја болест која можеби предизвикала стерилитет, треба да го знаете ова. Исто така, треба да се биде отворен за познати и потенцијални сексуално преносливи болести. Би било добро да знаете дали некогаш имал проблеми со депресија, зависност од алкохол или наркотици. Ако не е подготвен да зборува, мајте трпение, но ако не сака, тоа е знак дека нешто не е во ред.

Дали можеш да го замислиш нашиот заеднички живот?

Иако е неблагодарно да се зборува за иднината на самиот почеток на врската, сепак е важно да знаете дека и вие и вашиот партнер се стремите кон исти работи. Ако не сака да ви даде одговор на ова прашање, тоа е затоа што не знае каде сака да оди врската. Можеби сега врската е забавна и необврзна, но не ве гледа како партнер со кој може да живее заедно.

Дали сакаш еден ден да стапиш во брак?

Кога го поставувате ова прашање, не фокусирајте се конкретно на одговорот на партнерот колку на неговата подготвеност да зборува за такви работи. Ако е подготвен да разговара за тоа со вас, тоа може да ви даде индикации за тоа дали можете да планирате за иднината со таква личност или не. Меѓутоа, доколку одбие да зборува за брак, поврзување и создавање семејство, а тоа е нешто што вие го сакате, најдобро би било да ја заобиколите таквата личност.

Дали би одел/а на терапија за парови со мене?

Ако партнерот реагира лошо на идејата да побара стручна помош со вас, ако во иднина наидете на несовладлив проблем, тоа е гласен аларм. Тоа покажува ниво на незрелост и неподготвеност да направи сѐ што е потребно за да ја направи вашата врска успешна. И ако теоретски не е подготвен да се бори за вас, нема смисла да се борите за двајцата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе