Последниве денови на социјалните мрежи беше споделено видео со прашањето што го доби учесник на британската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“, а иако се работи за видео од претходните сезони, повторно стана популарно.
Повторно се шири видеото со прашањето „Кое овошје е главната состојка на сливова ракија?“, а меѓу понудените одговори се и цреша, кајсија, портокал и слива.
Натпреварувачот не го знаел одговорот на прашањето и решил да употреби џокер „повикај пријател“.
„Ти треба пријател кој навистина пие“, му рече водителот, а тој одговори дека ќе ѝ се јави на мама - на што сите во студиото се изнасмеаја.
„Решено“, одговори водителот.
Мајката одговори „како од топ“ дека е слива и потврди дека е апсолутно сигурна во својот избор.
„Те сакам мамо“, рече натпреварувачот, на што публиката повторно се насмеа.
На крајот решил да ја послуша мајка си што била добра одлука и за тоа добил 125.000 фунти.