Прашањето е решено, конечно и неповратно: Грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Атина излезе со официјален одговор на неодамнешните изјави на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој посочи дека Скопје не го смета спорот за името со Грција решен, пишуваат денеска грчките медиуми.

Мицкоски, соопшти МНР на Грција, „се обидува да го врати во преден план едно од прашањата кое веќе е решено, како што знаеме – конечно и неповратно“.

Тоа, како што пишуваат грчките медиуми, е одговор на коментарите на Мицкоски на собирот на „Северномакедонците“ во Њу Џерси во средата за време на неговата посета на САД за инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.

„Треба да почнеме да победуваме во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим ако сакаме, конечно, македонското прашање да дојде до својата завршница. Нашето прашање не е решено. Тоа тлее со векови и сè уште постои“, рече премиерот на Северна Македонија, цитиран од весникот Δημοκρατία, стои во написите на медиумите во Грција.

„Овој настан претставува провокација за Грција обидувајќи се да го врати на преден план прашањето кое е решено, како што знаеме – конечно и повторно“, велат од Миинистерството за надворешни работи на Грција.

„Грција потсетува дека натамошниот напредок на билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот курс на соседната земја бараат целосно почитување на Договорот од Преспа и, се разбира, воздржување од иредентистички прокламации и претензии кон соседните земји“, е истакнато од грчкото министерството.

Изјавата се однесува на историскиот договор потпишан меѓу Атина и Скопје во 2018 година за решавање на деценискиот спор за името.

Грчките медиуми анализираат дека „откога ја презеде функцијата минатото лето, Мицкоски, националист, често ги прекршува условите од договорот нарекувајќи ја неговата земја Македонија наместо да го користи уставното име Северна Македонија“.

реклама

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Македонија

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Read more

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Read more

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Read more

Се воведува Итно копче за брза помош на центарци

Read more
 

Вести

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Читај повеќе

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Читај повеќе

Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Читај повеќе

Се воведува Итно копче за брза помош на центарци

Читај повеќе