Македонија

Пратениците ќе расправаат за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово

20. мај 2019 - 8:48 | МИА

Скопје, 20 мај 2019 (МИА) – Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 98. седница на која треба да бидат разгледани 26 предлог закони и годишни извештаи.

Пратениците треба да го ратификуваат Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи.

На дневен ред, меѓу другото, се и предлог законите за изменување на Законот за минимална плата, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и на Законот за данокот на додадена вредност.

На седницата треба да бидат разгледани и повеќе годишни извештаи на државни комисии, дирекции, агенции, на Судскиот совет и на Народниот правобранител.

Коментирај