Правило што мора да го почитувате на првиот состанок

Првите состаноци со себе носат возбуда, трема, големи очекувања и пеперутки во стомакот. Што би можело да тргне наопаку?

Ако сакате првиот состанок со потенцијалниот партнер да помине успешно, мора да го испочитувате ова правило: заборавете на мобилниот!

Анкетата што ја спроведе британската компанија YouGov покажа дека користењето на мобилниот – повици, пораки, фоткање, проверување социјални мрежи – е најлошото нешто што можете да го направите на прв состанок.

Тоа важи и за мажите и за жените, и за хетеро и за геј двојки.

Дури 69% од мажите и 70% од жените кои учествувале во анкетата се согласуваат дека користењето на мобилниот телефон за време на состанокот е крајно непривлечно, па дури и одбивно.

Повеќето од нив рекле дека поради такво однесување не би сакале да имаат втор состанок со личност која го правела тоа на првата средба.

На второ место на листата работи што најмногу одбиваат се нереалните фотографии објавени на социјалните мрежи или апликациите за запознавање. Ова им пречи на 52% од мажите и на 43% од жените.

Трета најодбивна работа е прегласно џвакање – за ова се изјасниле 25% од мажите и 31% од жените во анкетата.

Понатаму на листата работи кои не треба да ги правите на прв состанок (ако сакате да има втор) се: немојте да зборувате само вие и само за себе, немојте да очекувате дека другиот ќе ја плати целата сметка, немојте да доцните и немојте цело време да молчите.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Љубов и секс

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Лоши навики со кои си го уништувате сексуалниот живот

Read more

Има шест типови на оргазам, што кажува вашиот за вас?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Штрудла со ореви

Читај повеќе

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Читај повеќе

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Читај повеќе

Дали бебињата плачат во утробата на мајката?

Читај повеќе

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Читај повеќе

Како да се препознае Алцхајмеровата болест?

Читај повеќе

Пет „совети“ за диети и слабеење во кои не треба да верувате

Читај повеќе
  • filter

Која е 44 години помладата девојка на Мик Џегер која му го роди осмото дете?

Читај повеќе