Православната црква во Црна Гора за прв пат крсти трансродово лице

Во Соборниот храм Христово воскресение во Подгорица, Црна Гора беше изведено првото крштавање на трансродово лице и тоа со благослов од митрополитот Амфилохије.

Бојана Јокиќ, претседателката на ЛГБТ форумот Прогрес, за Standrad изјави дека станува збор за Вук, транс момче кое уште ја нема завршено целосната транзиција.

„Многу сум среќна што мојот драг пријател Вук се крсти. Со благослов од митрополитот Амфилохије, Црногорско-приморската митрополија на Православната црква му покажа отворени раце. На Вук во крштеницата му стои името кое сам си го избра, а не она кое му е доделено по раѓањето“, изјави Јокиќ.

Таа потсети дека во Црна Гора не е дозволено да се промени името и полот во официјални документи додека не се комплетираат сите фази од процеддурата да се прилагоди полот на родот на лицето.

„Од хормонска терапија, со сите придружни операции. Главниот процес на транзиција е ‘долната операција’. Таа уште важи за  круцијална во поимањето на промената на полот“, објаснува Јокиќ.

Првото крштавање на трансродово лице во Црна Гора е историски настан, особено кога ќе се земе предвид фактот дека процесот на потврда на идентитетот на трансродовите лица може да трае со години во Црна Гора,  и покрај тежнеењето на земјата кон евроатлантските интеграции.

Јокиќ вели дека Митрополијата со овој симболичен чекор направила неверојатно прогресивен чекор кон прифаќање и потврда на идентитетот на оние кои се „најзагрозени во ЛГБТ заедницата“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе