Собранието со 58 гласа, по скратена постапка го донесе Предлог- законот за изменување на Законот за Судскиот совет.
Отсега наместо Советот за факти, за иницијативите за утврдување одворност на судии ќе биде повторно надлежен Судскиот Совет.
Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, рече дека законот е приоритет и дел од планот 3-6-9.
Собранието гласаше и за Законот за заштита на сведоци по скратена постапка.
Илија Димовски го замоли мнозинството да не брза со носење закони по скратена постапка и рече дека 90 проценти од законите кои се на предлог на Владата се по скратена постапка.
На седницата, покрај овие точки е и изгласувањето на новиот државен јавен обвинител.