Пилешките џигери завиткани во сланина се вистинско гурманско мезе за празниците, со кои ќе ги воодушеват гостите.
Добро одат и со вино и со пиво, па се одличен начин да ја започнете празничната трпеза пред да преминете на главното јадење.
Потребни состојки:
- 450 гр пилешки џигер
- 11 парчиња сланина
Подготовка:
Обложете го плехот за печење со алуминиумска фолија и оставете го на страна. Ставете ја решетката од рерната на второто највисоко ниво во рерната и загрејте ја на 180 степени.
Пилешките џигери измијте ги, исечете ги, па исушете ги. Парчиња сланина исечете ги половина. Потоа секое парче џигер ставете го на половина парче сланина и завиткајте ја сланината околу џигерот. Прицврстете со чепкалка за заби.
Вака завитканите џигери наредете ги на плехот. Ставете во рерна и печете 8 минути, но вртете ја тавата на секои 2 минути за да заруменат рамномерно од сите страни. Намалете ја температурата на рерната, извадете ја тавата и превртете го секој џигер. Вратете во рерната и продолжете со печењето 6 минути, поместувајќи го плехот на секои 2 минути.
Послужете и уживајте.
Доколку немате идеја и за главно јадење, ви препорачуваме крцкаво свинско печење во сос од јаболка или пијани телешки шницли.