Македонија

Преброени над 80% од гласовите: Пендаровски 42,59%, Сиљановска 41,60 и Река 11,57%

21. април 2019 - 22:49 | МИА

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК, од обработените 81,38 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски со 42,59%, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска Давкова со 41,60 и трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,57 отсто.

Изразено во освоени гласови, од досега преброените, за Пендаровски гласале 242.051 граѓанин, за Сиљановска 236.426, а за Река 65.736 граѓани.

Одзивот во првиот круг од претседателските избори до 18.30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места, што значи дека на гласање изглегле околу 700.000 граѓани.

Коментирај