Пребројување на пеликаните од Преспа по повод Меѓународниот ден на биолошка разновидност

Со пребројување на пеликаните од Преспанското Езеро, Македонското еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на биолошката разновидност – 22 мај.

Од МЕД информираат дека целта на одбележувањето е доближување на природните убавини на земјата. Посочуваат дека во текот на денот на социјалните мрежи ќе споделуваат слики и видеа од теренската активност за пребројување на пеликаните во Преспа.

– Пребројувањето на пеликаните е прекугранична активност што ги вклучува и нашите партнерски организации од Грција и Албанија – Друштвото за заштита на Преспа и Друштвото за заштита на животната средина во Албанија. Затоа следете нѐ на Facebook и Instagram и уживајте во глетките од Преспанското Езеро, соопшти Македонското еколошко друштво.

Броењето на пеликаните МЕД го спроведува од 2013 година. Пеликаните кои секојдневно доаѓаат да се хранат во македонскиот и албанскиот дел од Големото Преспанско Езеро, како што наведува друштвото, припаѓаат на најголемата гнездечка популација на овој вид во светот, која се наоѓа на Малото Преспанско Езеро и ја нагласува неопходноста од заедничка соработка во напорите за зачувување на биолошката разновидност.

Темата на годинашното прославување на Меѓународниот ден на биолошка разновидност е „Природата нуди решенија“.

Тагови
реклама

Што треба да јадете за да набилдате мускули побрзо?

Read more

Седум особини кои покажуваат дека сте натпросечно интелигентни

Read more

Никогаш не вртете грб на гладна камила: Најопасните селфи фотографии

Read more

Дали Швеѓаните го победија коронавирусот со нивната стратегија?

Read more

Култура

Во сеќавање на Игор Исаковски, на неговиот роденден

Read more

По 57. пат „Рацинови средби“ на 25 и 26 септември во Велес

Read more

Епидемијата не ги предомисли читателите, со почитување на мерките и на отворено годинава задоволителна посетеност на Саемот

Read more

Вечерва прво издание на „Скопски Градски Фестивал“

Read more

Вести

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Читај повеќе

Кои се измените на законите за основно и средно образование?

Читај повеќе

Во Кривичен продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Читај повеќе

Сончево со мала до умерена облачност

Читај повеќе

Почина деветмесечно бебе во струмичката болница, полицијата спречи нов инцидент

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Руското Обвинителство бара да го сослуша Навални во Германија

Читај повеќе

Дали Швеѓаните го победија коронавирусот со нивната стратегија?

Читај повеќе

Нови 45 случаи, 7 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе