На денешен ден

Пред 104 години била погубена легендарната шпионка Мата Хари

Кајгана/МИА
/ 15.10.2021 / 09:37

Маргарет Гертруда Зеле, холандска егзотична танчерка и забавувачка, позната како Мата Хари, била убиена на денешен ден, 15 октомври 1917 година, како германска шпионка во Првата светска војна.

Родена во Леуварден на 7 август 1876 година, пораснала во богато семејство и посетувала учителско училиште, но била протерана кога имала 16 години поради односи со оженетиот директор на училиштето. Маргарет станала егзотична танчерка во 1905 година во Париз и многу брзо го усвоила уметничкото име Мата Хари, што значи „око на денот“ – поетски назив за Сонцето.

Таа била вешта во индиски танци и се појавувала речиси гола на сцената. Се верува дека повеќе или помалку е „пионерка“ во стриптизот како танц. Мата Хари имала врски со  индустријалци, благородници и други богати Европејци. За време на Првата светска војна патувала во Франција, Холандија, Англија и Шпанија, па често била придружба на високи офицери. Во јануари 1917 година, една од тајните преписки на Германија ги спомнала услугите на шпионот Х-21. Француската тајна служба верувала дека Х-21 е всушност Мата Хари и таа е уапсена на 13 февруари во нејзината хотелска соба во Париз.

Мата Хари била осудена како германски шпион и застрелана е на 15 октомври истата година, иако гласините дека била шпион никогаш не биле потврдени, а и околностите за нејзиното наводно признание, исто така, се нејасни. Таа имала 41 година.

Како една од најзагадочните личности на 20 век стана синоним за легендарна шпионка и инспирација за повеќе од 250 книги и бројни екранизации. Еден од најпознатите филмови е „Мата Хари“ од 1931 година со Грета Гарбо во главната улога.  

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе