Свет

Пред и потоа: Бомбардирањето на Сирија

16. април 2018 - 9:39 | К.З.

Сателитски слики направени пред и откако американските, британските и француските сили ја бомбардираа Сирија покажуваат точно колкав е данокот кој оваа држава мораше да го плати поради нападите со хемиско оружје во Дума.

Вкупно 105 проектили беа лансирани кон три локации во Сирија како дел од координираната операција на 14 април, рано наутро. Воздушните и поморските ракетни напади беа извршени како одговор на хемиските напади во Дума од пред една недела и тие убија најмалку 42 лица, а има уште стотици повредени.

 

Хим Шимшар

Според американскиот генерал Џозеф Данфорд, Хим Шимшар е локацијата на производниот сектор за хемиско оружје на сириската влада. Вкупно 22 американски, француски и британски проектили ја погодија оваа локација во саботата.

Складиштето во Хим Шимшар

Западно од градот Хомс се наоѓа складиштето за хемиско оружје на владата на Сирија, тврдат американските сили. Поради тоа, оваа локација беше погодена со седум SCALP проектили.

Барзах – центар за истражување и развој на хемиско оружје

Научниот центар во Барзах, близу Дамаск, според информациите на САД, е главната точка каде Сирија ги проучува и развива хемиските оружја. Снимките објавени во американските медиуми покажуваа фабрики и станбени објекти во рушевини. Оваа цел беше погодена од 76 проектили, меѓу кои 57 Tomahawk проектили и 19 небо-земја проектили.

Коментирај