Пред клучниот самит во Париз, во источна Украина убиени двајца војници

Киев, 2 декември 2019 (МИА) – Двајца украински војници се убиени во источна Украина, соопшти денеска украинската војска, на само една недела пред клучниот самит во Париз на кој уште еднаш ќе се направи обид за завршување на војната во оваа земја.

Според сооопштението на украинската војска, двајца војници се убиени со „непозната експлозивна направа“, додека биле на линија на одбраната од напади на проруските сепаратистички „групи за извидување и саботажа“.

Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека погинатите војници се нејзини припадници.

Украинскиот претседател Володомир Зеленскиј упати сочуство до семејствата на загинатите и порача дека очекува да се постигне прекин на огнот.

На 9 декември во Париз ќе се одржи самит на кој е закажан разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Зеленскиј, а тоа се постигна со посредување на Германија и Франција

Со цел да се дојде до завршување на војната, во која од 2014 година загинаа повеќе од 13.000 лица, ова ќе биде прва средба од 2016 година на највисоко ниво.

Мировниот договор за истокот од Украина беше постигнат и потпишан во Минск во 2015 година, а со него се овозможи значително намалување на насилството, иако неговата политичка компонента не се спроведе, за што завојуваните страни меѓусебно се обвинуваа.

реклама

Чулев: Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта тераше дневен ПР

Read more

Минеаполис: Уапсен полицаецот виновен за смртта на Џорџ Флојд

Read more

Заев: Бројките на новозаболени се директна последица од неработењето на Чулев

Read more

Жива музика, играње на маса, гушкање, што сè затекнаа пазарните инспектори синоќа?

Read more

Свет

Минеаполис: Уапсен полицаецот виновен за смртта на Џорџ Флојд

Read more

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Read more

Продолжуваат протестите во Минеаполис, Трамп се закани дека ќе испрати војска

Read more

Вести

Минеаполис: Уапсен полицаецот виновен за смртта на Џорџ Флојд

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Чулев: Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта тераше дневен ПР

Читај повеќе

Обвинетите за „27 април“ бараат укинување на првостепените пресуди

Читај повеќе

Wizz Air ќе лета од Скопје за Салцбург од 3 јули

Читај повеќе

Заев: Бројките на новозаболени се директна последица од неработењето на Чулев

Читај повеќе

Семејство на починат кој бил заразен со COVID-19 одбива комуникација со епидемиолозите

Читај повеќе

Жива музика, играње на маса, гушкање, што сè затекнаа пазарните инспектори синоќа?

Читај повеќе

Филипче: Не може да живееме вечно затворени

Читај повеќе