Предадени материјалите за истрагата за автобуската несреќа на бугарските обвинители

Скопје, 27 ноември 2021 (МИА) – ДНК профилите за идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, заедно со записници за испитување на осум сведоци, како и целокупната документација за автобусот од компанијата Беса Транс и Министерството за транспорт, денеска се предадени на бугарските обвинители, од страна на Јавното обвинителство за Република Северна Македонија.

Државниот јавен обвинител Љубимир Јовески, на заедничка прес-конфернеција со бугарските обвинители во Скопје, рече дека се обезбедуваат и други докази, а се продолжува и со сослушување на други лица кои може да дадат сознанија за расчистување на трагичниот настан.

– Сакам да ја нагласам професионалната соработка што ја имаме со колегите од Бугарија. Наидовме на целосно разбирање кај обвинителството на Бугарија и веќе од утре двајца наши експерти од Судска медицина ќе заминат за Софија со цел забрзување на постапката за идентификација и предавање на телата на нивните семејства, реле Јовески.

Во ОЈО Скопје, Јовески посочи, дека е отворен предмет за Беса Транс и овие податоци што ги собираат на барање на бугарските обвинители, во исто време ги користат и во делот на тој предмет, а со цел на расчистување на сите ситуации поврзани со несреќата, од документација за автобусот до тоа како тој ги поминувал границите.

-Ние ги прибираме потребните документации, а потоа ќе донесеме соодветна одлука. Веднаш по сообраќајната несреќа документацијата од команијата Беса Транс е одземена. Ве уверувам за било кое лице доколку има основ, Обвиниелството ќе отвори постапка, изјави Јовекси.

Истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија, Младен Христов Петров, на почетокот изрази сочувство за семејствата на жртвите и посочи дека блиската меѓусебна соработка, постојана комуникација и постојаната деноноќна работа од моментот на несреќата до сега, овозможиле за брзо време да се дојде до солидни резултати и можност за брза идентификација.

-Благодарам за напорната работа на ЈО на СМ, добрата соработка со Вилма Рускоска и професионалната соработка на сите структури од МВР, Министерството за транспорт и од Судска медицина, што овозможи за брзо време да располагаме со многу докази и во име на човештвото да скратиме многу бирократија. Придржувајќи се кон законот и прописите да се вратат телата за да бидат погребани, изјави Петров.

Петров, посочи дека се работи на сите верзии кои не се отфрлени, но бидејќи несреќата е голема и се собираат многу докази, во ваква ситуација истрагата треба да продолжи и не може да се даде дефинитивна верзија за причините за несреќата.

-Сопственикот на фирмата е сослушан во раните часови. Со него интензивно се соработува на територија на Северна Македонија и тој е достапен на надлежните институции, изјави Петров.

Заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник, Бисер Јорданов Михајлов, изразувајќи сочувсто на роднините на жртвите, посочи дека координацијата меѓу судските и државните власти на двете земји и меѓусебната соработка е на високо ниво.

-Откако се случи несреќата, институциите постојано соработуваат и работата на расчистување на случајот. Ќе продолжиме со исто темпо и по ДНК анализата телата ќе бидат вратени во најбрз можен рок, изјави Михајлов.

Прашан дали патот и лошата сообраќајна сигнализација се можни причини за несреќата, Михајлов рече, дека откако ќе бидат завршени сите анализи и експертизи, тогаш ќе може да имаат конечен одговор дали лошата сигнализација е некаква причина за сообраќајната несреќа.

За истото, Петров, изрази уверување дека сите претпоставки и прашањата што се поставуваат во медиумите се проверуваат и дека моментално експертската служба за пожари работи и очекуваат да ги утврдат причините за избувнување на пожарот.

Филипче: Очекуваме да пристигнат двајца од седумте пациенти кои беа хоспитализирани во „Пирогов“ во Бугарија

„Двајца од вкупно седумте пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ ги очекуваме да пристигнат од Бугарија. Јас утрово разговарав со директорот на болницата. Тие се испишуваат во стабилна состојба како што впрочем беа целокупниот овој период. Станува збор за 17-годишна девојка и уште еден повозрасен пациент. Тие имаат повреди, треба да бидат сместени на Клиниката за пластичната хирургија, тука се обезбедија места“, изјави пред Ургентниот клинички центар министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе направат проценка да се испишат на натамошен домашен третман.

-Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент, така што целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето, додаде Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања рече дека сегашната најава е дека тројца други пациенти треба да дојдат во понеделник.

– Ќе искомуницираме уште еднаш во утрешниот ден, ќе ги организираме возилата ако состојбата го дозволува тоа ќе го организираме и транспортот. Сите се во стабилна состојба и сите се со полесни повреди, освен едниот пациент кој имаше два хируршки зафати, еден поради скршеница на потколеницата и друг поради нешто посериозно скршеница на два пршлени и тој е во стабилна состојба, така што сите овие останати имаат повреди кои се во сферата на пластичната хирургија – посекотини, нагмечувања итн., а тој пациент во сферата на трауматологијата, додаде Филипче.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе