Книги

Предлог книги за читање за љубителите на хорор приказни

28. октомври 2018 - 16:59 | Б.С.Б.

Ако сте љубители на хорор приказни и гледате страшни филмови, тогаш оваа предлог листа за читање дефинитивно не треба да ја игнорирате.

Од мистерии за натприродни сили до застрашувачки трилер приказни, оваа листа од 4 книги е идеална за сите љубители на пишаниот збор.

1. „Rebecca“ од Дафне ди Морие

Во текот на едно патување една млада, тивка жена ќе го запознае вдовецот Максим де Винтер и ќе добие брачна понуда од него. Иако за неа тоа е изненадување, го прифаќа предлогот и со него заминува во неговиот дом. Таму Максим ќе се промени целосно. Тогаш таа сфаќа дека многу малку го познава. А во домот на секое ќоше од секоја соба е духот на неговата прва жена, Ребека.

2. „The Silence of the Lambs“ од Томас Харис

Добро познатиот филм е адаптација на одлична книга во која има многу детали што не се прикажани во филмот.

3. „An Unwanted Guest“ од Шери Лапена

Група гости пристигнува во прекрасно и изолирано место каде се сместува во мотел, со цел да има релаксиран викенд. Но, наскоро ќе се случи страшно невреме и бура, никој не може да излезе од зградата. Тогаш се случува првото убиство и откривање на првото тело. Гостите сфаќаат дека меѓу нив има убиец, а тие не можат да избегаат.

4. „Penpal“ од Датан Ауербах

Еден млад човек ќе почне да се присетува на неговото минато со цел да ги открие сеќавањата од детството. Како што ќе почне да се присетува од игрите од детството и авантурите со неговиот пријател Џош почнува да сфаќа дека неговите сеќавања формираат застрашувачка слика од минатото.

Секое од поглавјето комплетира различен дел од сложувалката.

Коментирај