Предлог за читање: „Нечесна игра“ од Верица Митева

Билјана Стефановска-Богоеска
/ 23.12.2022 / 16:05

Доколку сте расположени за романтична книга напишана од македонска авторка, тогаш „Нечесна игра“ е идеален избор за вас.

Напишана е од струмичанката Верица Митева која со романот „Во војната и љубовта“ го освои првото место на „Избор на книга на годината“ во 2021 година, во категоријата „Домашни автори“. Но, тоа е нејзиниот втор роман.

Големо внимание привлече и нејзиното првенче, романтичната драма „Нечесна игра“ во издание на „Сакам Книги“. Дејството се одвива околу два главни лика, Викторија и Филип кои работат како дизајнери во конкурентски фирми за изработка на мебел. По игра на судбината, и двајцата добиваат иста задача од шефовите, да се зближат со конкурентскиот дизајнер и да ги украдат скиците за идниот Саем за мебел.

И тука почнува нивната приказна. Откако ќе се запознаат, во нив се раѓа дилема дали можат да играат нечесно или едноставно не се создадени за тоа. Чувствата во нив ќе бијат своја битка, а разумот ќе им кажува нешто друго.

Митева отвора неколку прашања во книгава, прво: дали од чесен човек некој може да направи нечесен и второ: до каде сме подготвени да одиме за да напредуваме во кариерата? За што сè е способен човек да направи само за да го задржи работното место по добиена уцена?

Битката меѓу разумот и емоциите е тешка за секого, па така и за овие два лика. Митева во овој дебитански роман ни разрешува неколку дилеми. Дали љубовта може да победи сè, па дури и алчноста за престиж? И колку лесно може да дојде до недоразбирање, ако други ни се мешаат во животот?

За разлика од Викторија и Филип, во книгата има и ликови кои воопшто не се двоумат некому да сторат зло или да го накодошат. Можеби е така затоа што некои луѓе едноставно тоа си го имаат во себе, во дадена прилика без да трепнат, некому лесно да заријат нож во грбот.

Сепак, нема сомнежи дека оваа љубовна приказна напишана од македонска авторка е идеален избор за читање, особено затоа што стилот на авторката е елегантен и софистициран. Романот лесно се чита и како за првенче, слободно може да кажеме дека станува збор за романса која ќе ви ги разбранува емоциите и ќе ве држи во неизвесност до последниот миг.

реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Книги

Ден Браун најави нова книга од серијалот со Роберт Ленгдон

Read more

Исланѓанец 110 години ги лажел сонародниците за Дракула

Read more

7 совети од Ернест Хемингвеј како да бидете подобар писател

Read more

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more
 

Магазин

Докторка укажува на 6 симптоми дека ви недостига железо

Читај повеќе

Зошто се враќаме здебелени од летен одмор?

Читај повеќе

Чиста сметка, долга љубов: Како да буџетирате со партнерот?

Читај повеќе

Дали треба да го лупите зеленчукот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хит намаз од краставица, одличен за со месо

Читај повеќе

Седум играчки кои можe да бидат опасни за вашето куче

Читај повеќе

Кардиолозите откриваат колку минути треба да пешачиме дневно за подобро здравје

Читај повеќе
  • filter

Во Европа се гради град од дрво: Проект од милијарда долари

Читај повеќе

Тајната на Медитеранот: Зошто Албанија треба да биде вашата следна дестинација за одмор

Читај повеќе