Предлог за читање: „Вештица“ од Венко Андоновски

Марта Стефановска
/ 07.07.2020 / 18:25

Венко Андоновски одбива да се покори на традиционалните форми на романот како неопходност, обидувајќи се преку јазикот да го дофати и опфати неопфатливото и навидум далечно за човекот. Петре М. Андреевски, за него вели дека неговиот јазик и по својата синтакса и по својата сензибилност има една благородна мелодика и промислена сигурност.

Романот „Вештица“ на Венко Андоновски е мозаик од теми во кој паралелно течат две приказни, едната целина ја раскажува нараторот, падре Бенџамин, а во вториот дел, авторот се обраќа до читателот и му говори како го создава ова дело, потенцирајќи дека пенкалото му го препушта нему.

Позајмувајќи една болна тема од историјата, главната приказна се врзува за X-XVIII век, кога беснеела Инквизицијата која ги применувала нејзините нечовечни методи при што биле изгорени меѓу четвртина и половина милион жени. Приказната го осведочува едниот од најголемите геноциди на човештвото, геноцид на машкиот врз женскиот род, спалување на жените на клада, под клевета дека како вештерки предизвикуваат неспособност, импотенција на нивните мажи, „општејќи со ѓаволот“.

Венко Андоновски во овој роман ги урива сите стереотипи со рамковната, љубовна приказна помеѓу Црвенокосата и падре Бенџамин, свештеник со титула доктор, кој се сомнева во одлуките на Инквизицијата, па преку овој лик ги откриваме мрачните тајни и моќта која ја имаат институциите кои раководат со општеството.

Андоновски има посебен однос кон пишувањето и составувањето приказни. Секој збор си има своја улога и значење, секоја појава, дел и суштина е илустрирана автентично и сликовито. 

Едниот од главните ликови во овој роман, Падре Бенџамин кој од Париз доаѓа во Хрватска испратен од папата се сомнева во постоењето на жени кои се вештици. Тој е учен човек, доктор по богословие. Авторот одлучил овој лик да го соголи од неговата титула и авторитет, правејќи го скептичен и со отворен поглед на свет. Секако, овој лик е очуден затоа што не очекуваме од некој кој е институционално заробен, да има толку отворен поглед на светот.

Во романот, постојано се провлекуваат мотиви од источните верувања и учења, поточно, читаме за процесот на повторно раѓање на душата во друго тело- и митот за сродните души коишто и после долги години повторно се препознаваат откако ќе се сретнат. Овие теми во романот се обработени на комплексен и сложен начин. Имено, овие два мита ги препознаваме во испреплетените љубовни приказни помеѓу падре Бенџамин и Јов(х)ана и асистентот алијас Чарли Хит и Црвенокосата.

Првиот пар ликови ги сместува во средниот век, додека другите некаде на почетокот од дваесеттиот. Авторот прави обид да го долови светогледот на овие ликови, кој не е рационален, туку е микс од  христијанство, паганизам и анимизам, верба во нематеријални, оноземски сили. Ликовите имаат сенс и за едно проширено чувствување и живеење на светот во кој има место и за природното и за неприродното, при што натприродното е двигател во нивната врска, ја осознаваат на поинаков начин, поврзувајќи ја нивната љубов со мотиви од природата, Месечината, огнот итн. Во некој момент ни се чини дека ова делува малку „cheap“, но, тоа и е му е намерата зашто внесува секојдневен говор.

Приказните се испревртени, паралелни и заплеткани во пајажина поради природата на самиот роман. Ако се обидеме да ги поврземе во една целина, тогаш единствено би можеле да ги поврземе според темите, третословието: смрт- љубов- живот. Овие три појави суштествени за човекот постојано ги врти во круг, смртта ја поврзува со воскресението, љубовта со умирањето, а животот со бесконечноста:

„Има смрт, ама и воскресение има, зрното мора да умре, за со неговото пролетно воскресение да се роди цела нива.“(Андоновски, 150).

Ги приземјува овие појави и ги прави толку блиски до човекот, воскресението е најверојатното нешто на овој свет, дури поверојатно од тоа дека овој роман ќе заврши.

Но, она што е доволно, доволно е. Не сакам да го прераскажувам овој неповторлив роман. Ве молам прочитајте го. Со љубовта која ја заслужува.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе