Предлог за читање: „Виенски гамбит“ – Анде Јанков

Билјана Стефановска- Богоеска
/ 31.05.2020 / 21:33

Објавен е вториот роман на младиот македонски писател Анде Јанков.  Книгата „Виенски гамбит“, во издание на „Антолог“, поради ситуацијата со коронавирусот беше промовирана онлајн.

Станува збор за роман со крими елементи чие дејство се случува во Виена. Авторот одлично ја доловува убавината на овој град градејќи низа контрасти со опасностите што демнат во него. Читателот добива одлична претстава за тоа како нештата изгледаат, како ликовите се чувствуваат, што мислат и како реагираат. Од една страна ќе уживате во описите на градбите, улиците и интересните податоци за градот, додека истовремено ќе бидете во исчекување да дознаете што повеќе за заплетканите ликови.

Кога станува збор за нив, вниманието веднаш ќе го насочите кон симпатичниот инспектор Виктор Николов, Македонец кој е во посета на својот брат кој живее во Виена. Посетата добива неочекуван пресврт поради убиство во кое е осомничен токму неговиот брат Даниел. Виктор ќе соработува во истрагата за убиството заедно со виенската колешка Карен Фишер, за која уште при првата средба ќе почувствува физичка привлечност. Но, тоа нека не ве залажува. И покрај напнатоста меѓу нив, и двајцата ќе се потрудат да откријат дали Даниел е вистинскиот убиец.

Овој трилер роман ќе ве држи во неизвесност до крај, бидејќи дејството е постојано напнато и разделено во периоди. Некои работи ги дознаваме преку ретроспектива на дневникот на убиената Весна, а некои преку истрагата, но секое поглавје носи нова трага за мистериозното убиство. Зошто некој би ја убил младата Македонка која работела и живеела во богато виенско семејство како дадилка? Дали станува збор за грабеж или убиство од страст? Или нешто друго?

Јанков има извонреден стил на пишување со силно чувство за простор, носејќи го читателот на патување во кое акцентот е поставен на интересна и возбудлива приказна која е совршено исткаена. „Виенски гамбит“ опфаќа повеќе теми како прељуба, миграција, желба за успех, љубов, дрога.

Главните ликови се исткаени и преку мала доза на саркастичен хумор, Јанков му дава слобода на жанрот и внесува свежина на тој начин што си поигрува со очекувањата на читателот. Еден мал детаљ може многу да значи во крими романите, па Јанков тоа го прави вешто и суптилно, наведувајќи го читателот желно да го очекува исходот од истрагата и разоткривањето на убиецот.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Коронавирус и имунитет – научно објаснето

Read more

Филипче: Повеќе од 20 дена со стабилен број на хоспитализирани пациенти

Read more

Споредба на Хрватска и Србија

Read more

Книги

Романот „Елитна проститутка“ го разбранува цел Балкан

Read more

Предлог за читање: „Вештица“ од Венко Андоновски

Read more

„Читањето е супермоќ“ – онлајн кампања на „Арс Ламина“

Read more

Предлог за читање: „Со затворени очи“ – Џош Малерман

Read more

Магазин

  • play_arrow

Коронавирус и имунитет – научно објаснето

Читај повеќе

Запалена статуата на Меланија Трамп во Словенија

Читај повеќе

Четири најчести грешки што ги правите за време на секс

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе патуваме со авион во ковид иднината?

Читај повеќе
  • play_arrow

8-минутни вежби за стомачни со Памела Рајф

Читај повеќе

Зошто е добро да се јаде диња?

Читај повеќе

Секси шорцевите на Tesla распродадени за минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Цел свет го знаеше како малиот Херкулес, а денес е непрепознатлив

Читај повеќе

Намирници кои го прочистуваат црниот дроб

Читај повеќе