Едноставно за подготовка и многу вкусно.
Потребни состојки:
300 г паста(по избор)
2 лажици путер
200 г пилешко бело месо
1 лажица вегета
300 мл павлака за готвење
Лажичка куркума
Сол и бибер
Пармезан
Начин на подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода. Во меѓувреме запржете го пилешкото месо исечено на помали парчиња. Додајте вегета, сол, бибер и павлака за готвење и оставете на кратко да се вари. Пред крајот на варењето додајте куркума. во подготвениот сос со пилешко додајте ги тестенините и промешајте. Послужете топло со пармезан