Брз и лесен колач со какао, совршен за целото семејство.
Потребни состојки:
- 3 шолји брашно
- 1 шолја кафеав шеќер
- 2 полни големи лажици какао
- малку сол
- лажичка прашок за пециво
- лажичка сода бикарбона
- 1 јајце
- 1/2 шолја млеко
- 2 лажици масло
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1/2 чаша вода
- (мерило – шолја 2 dl)
Начин на подготовка:
Во сад за матење ставете брашно, шеќер, какао, сол, прашок за пециво и сода бикарбона и убаво измешајте.
Во друг сад измешајте ги останатите состојки, па додадете ги оние од првиот сад и сè убаво мешајте, додека не добиете еднолична смеса.
Загрејте половина шолја вода и кога ќе зоврие додадете ја во смесата, па повторно измешајте.
Загрејте ја рерната на 180 степени, истурете ја смесата во калапот за печење и печете 30 до 40 минути.
Колачот може да го посипете со шеќер во прав или да го премачкате со растопено чоколадо. Потоа исечете го на парчиња и послужете откако ќе се олади.