Совршен десерт со кафе и два вида чоколадо.

Потребни состојки за тесто:
-6 јајца
-6 лажици шеќер
-6 лажици брашно
Фил:
-200 мл течна слатка павлака
-200 г бело чоколадо
-1 лажичка нескафе
-100 г путер
-50 г шеќер во прав
Чоколадна глазура:
-150 г црно чоколадо
-4 лажички масло
Начин на подготовка:
Изматете шлаг од белките, а посебно изматете ги жолчките со шеќерот. Полека додавајте го брашното, а потоа внимателно во тоа мешајте од шлагот, полека и рачно.
Плехот обложете го со хартија за печење, ставете ја смесата и печете на умерена температура. Додека е топла кората ставете ја на влажна крпа и виткајте во ролат.
Ставете слатка павлака во тенџере па загрејте, тргнете ја пред да зоврие. Веднаш додадете лажичка нескафе и бело чоколадо, мешајте додека чоколадото не се стопи. Оставете да се олади.
Посебно изматете ги путерот и шеќерот во прав, а потоа спојте со филот од слатка павлака. Матете додека не добиете цврст фил.
Одвиткајте ја кората, намачкајте со изматениот фил и завиткајте во ролна. Премачкајте го ролатот со чоколадна глазура која ќе ја подготвите така што на пареа ќе го стопите чоколадото со масло, а кога малку ќе се олади премачкајте го ролатот.