Многу вкусен десерт идеален за појадок или ужина за најмалите.
Потребни состојки:
-2 јајца
-170 г шеќер
-190 мл масло
-1 лажичка екстракт од ванила
-155 г брашно
-половина лажичка сода бикарбона
-половина лажичка сол
-половина лажичка прашок за пециво
-малку цимет
-2 рендани моркови
Начин на подготовка:
Во еден сад изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги маслото и екстрактот од ванила и продолжете да мешате со миксерот.
Во друг сад измешајте ги сувите состојки – брашно, сода бикарбона, прашок за пециво, цимет,сол. Потоа соединете ги состојките со миксер, а кога ќе ги ставете морковите измешајте со лажица.
Калапите за мафини наполнете ги до 2/3 и оставете да се печат околу 20 минути во претходно загреана рерна, на 180 степени.