Совршена салата за лесен ручек или вечера.
Состојки:
Три конзерви туна
1 поголема краставица
1 авокадо
2 лажици исецкан бел кромид
¼ магдонос
2 лажици лимонов сок
¼ шолја маслиново масло
Половина лажица чили во прав
Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
Исцедете ја туната, па ставете ја во сад заедно со излупените и исецкани краставица, авокадо, кромид и магдонос.
Во помал сад измешајте сок од лимон, маслиново масло, чили, сол и бибер, измешајте го сосот и прелијте преку туната и авокадото. Промешајте ги состојките за да се соединат и послужете веднаш.