Предлог за ручек: Алфредо тестенини со пилешко, готови за 30 минути

Работната недела не мора да ја започнувате со комплициран ручек за кој се потребни неколку часа за да се подготви. Комбинацијата од пилешко алфредо и тестенини е прилично едноставна и многу вкусна опција за ручек.

За подготовка на овој ручек ќе ви треба само половина час, а можете да го комбинирате со малку салата.

Иако тестенини, имајте на ум дека ова не е италијански рецепт, туку американски. Може да користите вид на тестенини по ваш избор.

Потребни состојки:
  • 2 пилешки стека
  • 350 мл млеко
  • 350 мл пилешки булјон
  • 125 мл крем за готвење
  • пакување тестенини
  • 150 грама рендан пармезан
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • бибер
  • сол
  • свеж магдонос
Подготовка:

Загрејте го маслиновото маслото во голема тава и додадете го пилешкото месо, сол и бибер. Пржете го пилешкото околу 10 минути додека не порумени. Оставете го малку на страна да се излади и потоа исечете го на ленти.

Во тавата каде што сте го испржиле пилешкото, додадете млеко, пилешки булјон и лук, а исто така додадете малку сол и бибер. Додадете ги тестенините и варете со постојано мешање, речиси додека не биде ал денте (па пакувањето пишува точно колку минути, во зависнот од тоа кој вид тестенини го употребувате).

На крајот измешајте го кремот за готвење и ренданиот пармезан, додадете го во сосот и варете додека не се згусне. Послужете ги тестенините и одозгора додадете го исечканото пилешко. Ако сакате да го подобрите вкусот на ова јадење, додадете свеж магдонос.

Тагови
реклама

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Read more

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Рецепти

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Read more

Кога треба да користите мелен бибер, а кога во зрно?

Read more

Како да ги изберете најдобрите пиперки за ајвар? Обрнете внимание на 3 работи

Read more

Една состојка помага оризот да не се лепи за тенџерето

Read more

Магазин

  • play_arrow

Што е најдобро да појадувате за намалување на холестеролот?

Читај повеќе

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Читај повеќе

Како да ги проверите радијаторите пред да почне грејната сезона?

Читај повеќе

Може ли прекумерното внесување протеини да предизвика запек?

Читај повеќе
  • play_arrow

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Читај повеќе

Намирници што треба да се јадат секој ден

Читај повеќе

Јапонија за прв пат има повеќе од 100.000 стогодишници

Читај повеќе

5 знаци дека вашето тело не поднесува кафе

Читај повеќе

Кога треба да користите мелен бибер, а кога во зрно?

Читај повеќе