Предлог што да зготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
300 гр мелено јунешко месо
1 јајце
2 дл сок од домати
1 кромид
3 чешниња лук
1 пиперка
1 домат
150 гр кашкавал
1 лажица шеќер
2 лажици презла
Босилек
Сол и бибер
Начин на подготовка:
На меленото месо додајте ситно исечкан кромид и лук, јајце, презла, сол и бибер.
Направете ќофтиња и испржете ги во масло додека да добијат златно-кафеава боја. Испржените ќофтиња наредете ги во тава за печење и помеѓу секое од нив ставете парче домат и парче пиперка.
Ставете сос од домати, лажичка шеќер и босилек. На крај нарендајте кашкавал и запечете ги ќофтињата во рерна.