Предлог-законот за јазиците помина на Комисијата за политички систем

Предлог-законот за употреба на јазиците денеска беше поддржан од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Пратеникот Антонио Милошоски дека законот е неуставен и ќе ја зголеми недовербата меѓу Македонците и Албанците.

Милошоски смета дека донесувањето на законот ќе доведе до двојазичност и федерализација на земјава, и поради овој закон ќе има глоби за судовите, обвинителствата, училиштата, универзитетите и сите установи кои нема да го спроведат.

Независниот пратеник Ферид Мухиќ  рече дека предлог-законот е уставен и се базира на амандманот 5 од Уставот, кој предвидува јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните исто така да е службен јазик.

Ставот на Беса е дека употребата на законот треба да се усвои со консензус.

„Да имаме заеднички заклучок од сите политички партии и ова прашање да се затвори еднаш и засекогаш“, рече Африм Гаши од Беса. Според него, со употребата на албанскиот јазик како службен ќе се зајакне стабилноста на државата, ќе се зближат граѓаните и тоа ќе биде добро за целото општество. Шпреса Хадри од ДУИ, пак, смета дека предлог-законот е од исклучително значење затоа што станува збор за едно универзално право кое луѓето треба природно да го уживаат.

Предлог-законот за употреба на јазиците е на дневен ред на денешната 15. седница на Собранието.

реклама

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе