Предложен притвор за осомничен за семејно насилство: Се заканувал дека ќе го убие целото семејство

Скопје, 8 август 2022 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело „телесна повреда“ според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. За осомничениот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, е предложен притвор.

Според соопштението, на 10 јули годинава, пред зграда на булеварот „Јане Сандански“, осомничениот кај поранешната сопруга ги враќал двете малолетни деца за кои имале спогодба за видување. Најпрвин инсистирал да се качи во станот и да разговараат, а кога оштетената не му дозволила, пред влезот им го попречил патот и започнал да ја удира со тупаници во пределот на главата и да ја стиска за вратот и рацете. Повикот за помош на оштетената го слушнале тројца таксисти, кои го оттргнале осомничениот. Нападнатата жена настанот го пријавила во полициска станица.

На 4 август, пак, осомничениот отишол на работното место на оштетената и прво вербално ја нападнал, упатувајќи и заканувачки и погрдни зборови. Откако заминал, продолжил да ѝ се заканува по телефон дека ако не се согласи да се смират, ќе влезе во станот на нејзините родители и ќе ги убие сите. Загрижена за безбедноста на нејзините деца и нејзините родители, оштетената настанот го пријавила во полициска станица. Во попладневните часови, осомничениот ја зел од градинка малолетната ќерка и се упатил кон станот на родителите на оштетената. Кога детето влегло во домот, таткото на оштетената го замолил осомничениот да си замине, но тој започнал агресивно да удира по влезната врата и да се обидува насилно да влезе. Оштетената и нејзиниот татко се обидувале вратата да ја држат затворена, а од туркањето се здобиле со телесни повреди – гребаници и исекотини. Откако успеале да ја заклучат вратата, осомничениот, занемарувајќи го фактот што повторно биле присутни малолетните деца, продолжил да им се заканува дека ќе ги убие и да се однесува агресивно. Оштетените повикале полиција, која го затекнала осомничениот пред станот и го привела, стои во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител, дополнуваат од ЈО, оценил дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, па до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.​

реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Хроника

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Read more

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Read more

35-годишен маж загина во пожар во зграда во Хром

Read more

Тинејџер со украдено возило усмртил жена на тротоар во Скопје и побегнал

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе