Предложен притвор за вооружен разбојник кој нападна вработени во сендвичарата „Вили“

Скопје, 19 јули 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лицето кое завчера изврши разбојништво во центарот на Скопје кај сендвичарата „Вили“.

Осомничениот, со употреба на сила и закана со пиштол нападна две лица, вработени во угостителскиот објект. Откако дошол во задниот дел на сендвичарата, се доближил до вработените и им се заканил со пиштол, барајќи да му ги дадат парите од платниот промет. Една од оштетените успеала да влезе и да се заклучи во сендвичарата, по што осомничениот продолжил да се заканува на втората оштетена и ги одзел паричните средства кои во тој момент ги имала кај себе. Откако не успеал да ја отвори вратата на сендвичарата, се оддалечил, испукал еден проектил од пиштолот и избегал.

Со дејствата што ги сторил, осомничениот извршил кривичното дело „разбојништво“ за кое надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка. Едновремено, обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за притвор, ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство,  околности кои што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и дека постои страв дека ќе го повтори кривичното дело.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Хроника

Двајца стружани се расправале со гости во кафеана, оштетиле неколку автомобили, истепале охриѓанец, па биле агресивни со полицајците

Read more

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Read more

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Read more

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Read more
 

Вести

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе