Предложена пократка изолација на ковид-позитивните, рано е за укинување на сертификатите

Скопје, 22 јануари 2022 (МИА) – На почетокот на следната недела ќе биде познато дали изолацијата на лица позитивни на COVID-19 ќе се намали од десет на седум дена. Иако новиот омикрон сој се шири многу брзо, сепак надлежните тврдат дека болниците во земјава уште имаат капацитет за исполнување. Во меѓувреме продолжува апелот до граѓаните да продолжат со вакцинацијата.

Препораката за скратување на изолацијата доаѓа по вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Беким Сали изјави дека оваа одлука не е конечна, затоа што, како што рече, во идниот период состојбата со новозарезани ќе се следи и соодветно ќе се носат препораки и одлуки.

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Инаку, болничките капацитети во земјава за ковид пациенти се исполнети околу 60 отсто, од аспект на кревети, што значи болниците се уште имаат капацитет за исполнување. Тоа се општите болници по градовите, Инфективната клиника и „8 Септември“. Сепак, министерот за здравство посочи дека се преземаат мерки за подготвеност и за во текот на идната недела.

Во однос на задолжителното покажување на ковид сертификати, министерот за здравство потенцираше дека уште е рано да се зборува за нивно укинување, затоа што нивото на вакцинација на населението во земјава е многу помало во однос на другите земји.

Продолжува и апелот за вакцинација, бидејќи според министерот, досегашните резултати не ни покажуваат дека нашата популација е доволно имунизирана.

Целта е, вели Сали, да се постигнат барањата кои веќе се исполнуваат во други држави, а се релевантни барања и на почитувани професори или лица кои даваат јавни изјави и повици.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во моментов во ковид-центрите во болниците се лекуваат 512 пациенти.

Од нив, 177 се во ковид – центрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во другите градови. Според дневната евиденција, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од COVID-19.

-Модуларните болници се отвораат во услови кога се пополнети капацитетите на инфективните оделенија во рамки на болниците, потенцираа од Министерството.

Инаку, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 2.071 нов случај на COVID-19 од направени 6.010 тестови. Оздравени се 1.450 пациенти, а починале 11 лица.

Досега во земјава се направени вкупно 1.733.866 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 252.947. Бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177. Има 19.714 активни случаи.

Во меѓувреме, новиот сој омикрон лесно се шири и во земјите во регионот и светот. Во Грција вчера беа откриени два случаја на Омикрон 2, што е подваријанта на Омикрон сојот, наречена ΒΑ.2 или 21L, и тоа кај патници кои пристигнале од странство и се наоѓаат во изолација.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција објаснија дека конкретната подваријанта е дел од поголемата група 21M, позната како сојот Омикрон, а меѓу другите подваријанти е и 21K (ΒΑ.1) која е моментално раширена во светот.

Од новата подваријанта недостига “S-gene drop out” ή SGTF што се користи за откривање на Омикрон со молекуларните тестови и затоа ΒΑ.2 или 21L се карактеризира како подгрупа „stealth“. Засега е непознато дали дополнителините седум мутации на S (Spike) протеинот ја прават новата подваријантата BA.2 поразлична и не постојат доволно податоци дали има зголемена можност да го избегне постоечкиот имунитет или да донесе зголемено заразување.

Во меѓувреме, во Франција, и покрај рекордните бројки на заразени со COVID-19, ќе се олеснат рестриктивните мерки.

Францускиот премиер Жан Катекс и министерот за здравство Оливие Веран наместо нови рестрикции, како што би требало да се очекува според бројот на рекордните зарази со Кавад-19, најавија агенда за олеснување на рестриктивните мерки. Со желба, по две години криза и неполни 80 дена пред претседателските избори да им се даде „повеќе видливост“ на Французите, јави дописникот на МИА.

Во однос на состојбата со COVID-19 во светот, САД ќе бараат задолжително вакцинирање против COVID-19 за работниците кои ја минуваат копнената граница.

Американското Министерство за домашна безбедност (DHS) најави дека есенцијалните работници, како што се возачите на камиони и медицинските сестри, кои ја преминуваат границата на копнените премини, од утре ќе мора да бидат целосно вакцинирани против COVID-19.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Македонија

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Read more

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Read more

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе