Автомобили

Предности и маани на кожени седишта

26. февруари 2020 - 18:46 | М.С.

Доколку сè уште не сте одлучиле дали сакате да купите автомобил со кожни седишта или не, ова се неколку предности и недостатоци кои можат да ви помагат да ја донесете вистинската одлука.

Кога станува збор за купување на автомобил се подразбира пронаоѓање на модел кој го има сето она што ви е потребно, вклучувајќи ги дури и наједноставните карактеристики. Не е важно дали купувате нов или половен автомобил затоа што постојат многу одлуки кои треба да ги донесете во текот на купувањето.

Една од едноставните одлуки е и одлуката дали сакате автомобил со кожни седишта или не.

Предности на кожните седишта

Имаат пријатен мирис

За разлика од навлаките од платно, кожните седишта не го впиваат непријатниот мирис, туку имаат специфичен мирис кој се нарекува „мирис на нов автомобил“.

Не се валкаат и лесно се чистат

На кожата нема да се впие течност. Кожата има мазна површина и е многу едноставна за чистење. Може да ја поминете внатрешноста со правосмукалка и да го исчистите сето она што е валкано.

Комфорност

Кожата има густа и мека структура која обезбедува комфорност, па затоа кожните седишта се совршен избор за оние кои поминуваат долго време во автомобил.

Поголема продажна вредност на автомобилот

Автомобилот со кожни седишта има поголема продажна вредност, особено доколку седиштата се добро одржувани.

Недостатоци на кожните седишта

Кожните седишта имаат многу предности, но како и многу други работи имаат и недостатоци кои треба да се земат предвид.

Трошок

Ова е веројатно главната негативна карактеристика на кожните седишта. Луксузната внатрешност на патничките автомобили обично подразбира и кожни седишта. Затоа треба да се запрашате дали имате финансиски средства за овој трошок.

Влијание на температурата

Во текот на летото кога температурите се високи, кожните седишта можат да се загрејат до степен што нема да можете да седнете на нив. Исто така, може да се залепат за вашата кожа и да предизвикаат непријатно чувство. Секако, постои опција за седишта со клима, но тоа е уште една надоградба која дополнително се плаќа.

Ограничена боја

Кожните седишта имаат помал избор на бои кои се сведуваат на црна, сива и беж.

Коментирај