Предности од вежбање пред огледало: Подобри перформанси и мотивација

Ф.З.
/ 22.09.2021 / 09:12

Постојат голем број причини зошто во повеќето теретани и фитнес центри можете да видите бројни огледала на ѕидовите, а сите се поврзани со подобрување на перформансите за време на тренингот, но и истовремена мотивација за подобри резултати и следење на сопствените движења на телото.

Вежбањето пред огледало може да изгледа како преодна заљубеност со фитнесот или резултат на суета, но вистината е дека огледалата со децении се составен дел од танцовите центри и теретаните.

Според Psychology Today, истражувањата покажуваат дека вежбањето пред огледало може да има и позитивни и негативни ефекти, во зависност од различни фактори.

Од позитивна страна, предноста е што огледалата ви помагаат да ја усовршите формата. Гледањето на сопственото тело ви помага да го поправите лошото држење на телото, да го контролирате дишењето или да ги релаксирате мускулите.

Алтернативно, огледалата можат да го попречат нашиот внатрешен фокус и да нѐ натераат да го префрлиме вниманието од чувството како нашето тело се движи на испитување како тоа изгледа при движењето.

Со оглед на тоа, истражувањата покажуваат дека „надворешниот фокус (фокусирањето на тоа како вашите движења влијаат врз околината околу вас) води кон подобри перформанси отколку внатрешниот фокус (фокусирањето на тоа како се движат одредени делови од телото или мускулните групи) за време на физичките задачи“.

Кога станува збор за вежбање пред огледало, има некои неверојатни придобивки што вреди да се земат предвид:

Огледалата ви помагаат да ја подобрите вашата форма

Примарната причина зошто многу фитнес центри имаат огледала закачени на ѕидовите е тоа што на членовите им нуди можност да ја набљудуваат нивната форма, усогласеност и држење на телото за време на вежбањето.

Ова не само што е особено корисно кога кревате тегови или изведувате танцови рутини, туку исто така ви помага по потреба да ја поправите и промените техниката.

Огледалата можат да го намалат ризикот од повреди

Најдобар начин да избегнете повреди при вежбање е да вежбате во добра форма. Вежбите пред огледало можат да ви помогнат да ги направите потребните промени за да спречите какви било незгоди, истегнувања на мускулите или други повреди.

Огледалата можат да ја зголемат вашата мотивација

Речиси сите се согласуваат дека трчањето на трака без ништо да се гледа наоколу брзо станува здодевно. Огледалата обезбедуваат надворешна фокусна точка за да ви помогнат да ја поминете вежбата. Гледајќи се во движење, исто така, може да ве инспирира да работите понапорно и да дадете сѐ од себе.

Огледалата помагаат во просторна свест и кореографија

Да се работи во непосредна близина на други е многу полесно доколку видите колку навистина сте блиску. Покрај тоа, оваа визуелна помош ви помага да ги совладате кореографските движења без да се вртите.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фит

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе