Предупредување од Русија: Постои ризик од епидемии на вештачки вируси

Експертите од Советот за безбедност на Русија сметаат дека е можна појава на епидемии на вештачки вирусни инфекции, објави прес-службата на Советот за безбедност.

„Настаните поврзани со пандемијата на COVID-19 и нивните последици укажуваат на можност за појава на биолошки закани предизвикани од други опасни патогени биолошки агенси“, се вели во соопштението.

Во врска со ова, Научниот совет на Советот за безбедност предложи во основните документи на стратешко планирање да се воведат „измени во врска со изворите на закани за биобезбедноста, поврзани, меѓу другото, со создавање на вештачки вируси“.

Покрај тоа, беше препорачан „понатамошен развој на системот на правни, медицинско-биолошки, санитарно-епидемиолошки, административно-организациски, комуникациски, информативни и други мерки насочени кон заштита на населението од опасни инфекции“.

Експертите исто така предложија развој на дополнителни мерки за борба против заканите поврзани со можноста за биотероризам.

Со Научниот совет во Советот за безбедност на Русија претседава секретарот на Советот за безбедност, Николај Патрушев.

реклама

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе