Предвидувањата на Бил Гејтс и теориите за коронавирусот

Од избивањето на епидемијата на новиот коронавирус, се чини како името на Бил Гејтс да го слушаме на секои неколку дена со предвидувања за иднината или со нов коментар за епидемијата.

Светот со големо внимание го следи секој негов збор за тоа што може да го очекуваме во следните неколку години, па и децении, за животот да ни се врати во нормала.

Интересно е тоа што токму него многумина го сметаат за главен виновник за моменталната ситуација во која светот се наоѓа, со оглед на фактот дека претходно предупредуваше за пандемија.

За што најмногу зборуваше Бил Гејтс во изминатите месеци?

1. За микрочипови

Во интервју за BBC, меѓу останатото, тој зборуваше и за бројни теории на завери кои се поврзуваат со неговото име, особено за приказните за наводните микрочипови во вакцините.

Гејтс стана  еден вид баба Рога за сите љубители на теории на заговор за короната. Го обвинуваат за сè и сешто, од правење на вирусот во тајна лабораторија со цел да се намали бројот на светската популација до употреба на луѓето да им се стават микрочипови за да бидат следени и контролирани.

„Зошто би сакал да ги следам луѓето? Искрено, не ме интересира баш многу каде одат“, се пошегува тој во интервјуто.

2. За климатските промени

„Не смееме да потцениме колкав е предизвикот“, изјави тој во интервју за BBC. „Никогаш не сме имале ваков премин каков што имаме намера да направиме во следните 30 години. Ништо слично не е направено“, вели Гејтс.

Remote video URL

Тој е фокусиран како технологијата може да помогне кога станува збор за климатските промени, но смета дека главниот напор треба да го имаат владите.

3. Нови катастрофи

Во едно интервју Гејтс предупреди на уште две катастрофи кои веројатно ќе го загрозат светот. Скоро шест години откако предвиде пандемија на вирус сличен на овој со кој денес се бориме, за Veratasium тој изјави дека светот нема да биде подготвен за нов, смртоносен вирус во следните години. Напомена и дека верува дека најголема закана за човештвото се климатските промени и биотероризмот.

„Не ми е мило што испаднав пророк, не е добро чувството кога за вакво нешто можеш да кажеш ви кажав ли“, вели тој.

Remote video URL

4. Мрачно предвидување, 10 пати полоша пандемија

Во разговор за германски медиуми, Гејтс повторно коментираше за пандемија. Тој изјави дека оваа пандемија е лоша, но идната пандемија би можела да биде 10 пати посериозна. Сепак, вели дека освен развојот на науката и технологијата и сите епидемиолошки познавања што ги имаме ќе може да ги искористиме и предностите на лековите, тестирањата, вакцините.

Тој смета дека пандемијата да се случеше пред 5 години, немаше толку брзо да развиеме вакцини, што зборува доволно за напредокот на науката во последните години.

5. За вакцините за сиромашните земји

Тој смета дека сиромашните земји во најдобар случај ќе доцнат 6 до 8 месеци зад богатите земји за набавка на вакцините против вирусот и заштита на граѓаните.

Во интервју за Reuters изјави дела распределбата на првите вакцини е супер тежок проблем кој ги притиска глобалните институции, владите и произведувачите на чекови.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе