Предвремени парламентарни избори во Грција

Атина, 7 јули 2019 (МИА) Од седум часот утрово по локално време отворени се гласачките места низ цела Грција на кои речиси 10 милиони Грци гласаат на предвремените парламентарни избори.

Гласачките ќе бидат отворени 19 часот по локално време, а традиционално веднаш по затворањето медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н exit polls, кои доста често го најавуваат победникот.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е и надлежно за пребројувањето на гласовите, се очекува да бидат соопштени околу 21 часот по локално време.

За парламентарните избори, Грција е поделена во 59 изборни единици, во кои што се одбираат 288 од 300те пратеници колку што брои грчкиот Парламент. Останатите 12 се на листа која важи за целата земја.

Денешните избори се и последни на кои партијата победник ќе добие бонус 50 пратенички места, бидејќи согласно промените во изборниот законик изгласан на 22 јули 2016 во Грција се воведува пропорционален модел и се укинува бонусот за првата партија. Изгласаните промени, тогаш не го добија потребното двотретинско мнозинство од Парламентот, па така ќе стапат во сила на вторите избори по нивното усвојување, односно не на овие, туку на следните избори, кога и да се одржат.

Вкупно 20 партии учествуваат во трката, а една партија за да влезе во грчкиот Парламент потребно е да добие минимум 3% од гласовите. Во зависност од тоа колку мали партии ќе обезбедат место, така и се распределува бројот на пратеници. Односно, помалку партии повеќе пратенички места за победникот и обратно.

На минатите парламентарни избори во септември 2015 учество зедоа 19 партии, а осум од нив обезбедија место во Парламентот. СИРИЗА беше победник со 35.46% и доби 145 пратенички места, зад неа беше Нова демократија со 28.09% и 75 пратеници, а потоа следеа Златна зора со 18, коалицијата на ПАСОК со 17, Комунистичката партија 15, Река 11, Независни Грци 10 и Сојуз на централисти 9 пратеници.

Река и Независни решија воопшто и да не учествуваат на овие избори.

Согласно грчкиот Устав, партијата што ќе освои најголем број гласови и ќе победи на изборите, во понеделник, од претседателот на земјата ќе добие 72-часовен мандат за формирање влада. Доколку не успее да формира влада, го враќа мандатот, кој потоа го добива втората и на крај третата партија, доколку и вториот обид е неуспешен.

Ако ниту една од трите партии не успее да формира влада, тогаш претседателот на државата свикува лидерска средба, а ако ни таа не донесе

резултат, се распишуваат нови парламентарни избори, како што беше случај пред седум години, во јуни 2012.

Доколку се потврдат предвидувањата на грчките агенции за рејтинг и Мицотакис добие доволен број на гласови за формирање еднопартиска влада, тогаш, како што самиот најави во интервјуата за медиумите, неговата влада е веќе подготвена, знае кои ќе бидат министри, а свечена заклетва ќе положат во вторник.

Новоформираниот Парламент ќе се отвори на 17 јули со свечена заклетва на новите пратеници, следниот ден ќе се гласа новиот претседател на Парламентот, а потоа и презентирање на владината програма и гласање доверба на новата влада.

За прв пат во поновата грчка историја, граѓаните во јули ќе гласаат на предвремени парламентарни избори, но сепак посетувањето на гласачко место на средина на лето и не е толку непознато за Грците, со оглед на тоа дека референдумот пред четири години се одржа на 5 јули.

За изборите во Грција акредитирани се околу 320 новинари,фоторепортери, сниматели, а во салата за конференции Запио во центарот на Атина ќе работи и прес центар за следење на изборниот процес.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе