Вчера околу 15:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило Volkswagen Golf со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с. Страчинци, Скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.