МВР соопшти дека е прегазено 21-годишно момче во сообраќајка во Скопје. Возачот на автомобилот избегал од местото на настанот.
На булевар „Александар Македонски” во Скопје се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи патничко моторно возило „Опел” со скопски регистарски ознаки удрило во пешакот С.Р.(21) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.
Со возило на Итна медицинска помош, С.Р. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.
Се работи на расчистување на случајот.